Досега 155.739 мигранти минале низ Македонија, 2.909 во изминатите 24 часа

Од:

Во периодот од 08,00 часот на 18.10.2015 до 19.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.909 странски државјани, од кои 1.595 се од машки пол, 482 се од женски, 638 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 194 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.648, Авганистан 626, Ирак 382, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 19.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 155.739 странски државјани, од кои, 99.600 се од машки пол, 21.532 се од женски, 28.218 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 6.389 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 106.915, потоа Авганистан 25.818, Ирак 11.697, од Пакистан 3.729, Иран 1.806, Палестина 1.507, Сомалија 824, Бангладеж 828, од Конго 450, Нигерија 244, Камерун 218, Еритреја 204, додека останатите се во помал број.

Би можело да ве интересира

Бројот на луѓе кои бараат азил во Европа достигна највисоко ниво во последните шест години

Ана Ололовска

Од Русија избегаа во Америка, наместо во ветената земја завршија во притвор

Горан Наумовски

Албанската Влада демантира дека постои договор за изградба на центар за азиланти

Сè повеќе Украинци бараат азил во Европската унија

Жарко Настоски

Албанците први во Европа и четврти во светот по барање азил, претседателот Мета вели: Доста е

Жарко Настоски

Барањата за азил во ЕУ зголемени за 13 отсто во третиот квартал

Ана Ололовска