Пукано кон возило во движење во Карпош

Од:

Непознато лице вчера пукало кон возило „Киа Спортаж“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Д.П, кое се движело по булеварот „Октомвриска револуција“ во Скопје.

Како што информира МВР, случајот во Полициската станица Карпош синоќа во 22 часот го пријавил Д.П.

– Непознатиот пукал од паркинг на хотел кон возилото на Д.П, по што со друго возило побегнал во непознат правец. Д.П. не бил повреден, но била причинета материјална штета на неговото возило, наведуваат од МВР.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов