Пукање во Арачиново – повредени член на обезбедувањето и возачот на градоначалникот

Од:

Попладнево пукање во скопско Арачиново со цел убиство на градоначалникот, а при нападот бил испразнет цел шаржер од автоматско оружје.

Во пукањето, градоначалникот нема повреди, а според информациите повредено било лице кое било возач и дел од обезбедувањето на градоначалникот и било во негова придружба.

Кон Арачиново се упати и полициски единици за обезбедување на местото и увид, а возачот е примен на Kлиниката за хируршки болести со прострелна рана во градниот кош.

Во врска со настанот во Арачиново, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место, издаде наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења. Ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор од околни објекти, како и за преземање други дејствија.

Би можело да ве интересира

Уапсена е градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ

А1он

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Париз: Маж пукаше со автоматска пушка, има мртви и ранети

Брвеница избира градоначалник

Горан Наумовски

Мамдани најави истрага за пукањето во Бронкс

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!