„Пуцко петрол“ доби два нови тендери од МВР и Општина Битола вредни 48 милиони денари

Од:

Фирмата „Пуцко петрол“ во сопственишство на градоначалникот на Пласница од ДУИ Исмаил Јахоски, доби два нови тендери овој пат од Општина Битола за набавка на лесно масло за горење – екстра лесно масло за затоплување ЕЛ-1 за потребите на општината, основните училишта, средните училишта и детските градинки во надлежност на Општина Битола во вредност од 34 милиони и 113 илјади денари односно 554.000 евра како и тендер распишан од Министерството за внатрешни работи за набавка на гориво и течен гас со вредносни ваучери со вкупна вредност од 13 милиони и 924 илјади денари или 226.406 евра.

Според Бирото за јавни набавки, „Пуцко петрол“ во периодот од 1 јуни 2017 година кога дојде до промена на Власта до денеска има добиено преку 400 тендери за снабдување на државни институции со гориво со севкупна вредност од над 2.1 милијарда денари или околу 34.5 милиони евра. Меѓу многубројните тендери се и тендерите со Службата за општи и заеднички работи како и тендерот за набавка на гориво за автобусите на ЈСП вреден 15 милиони евра.

„Пуцко петрол“ одлична соработка со државните институции имаше и за време на прехтодната власт кога во јавноста протекоа информации дека фирмата на Јахоски во тоа време добила тендер за снабдување со мазут неколку државни институции како Министерство за внатрешни работи, општите болници во Гостивар и Гевгелија, Државниот студентски дом во Скопје и останати без лиценца за трговија со мазут.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов