А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Ана Василевска
Македонија

Првпат во историјата не работат штипските текстилни и кожарски фабрики, земени се 200 бриса

by Ана Василевска05/06/2020 - 15:5505/06/2020 - 15:59930
Share0

Штипските текстилни и кожарски фабрики денеска ја почитуваат забраната за работа во погоните, покажал увидот на инспекторите, активистите од НВО „Гласен Текстилец“ и на Општинскиот кризен штаб.

Добивај вести на вибер

Во фабриката „Албатрос“ денеска брисеви им беа земени на околу 200 работници. Тие беа донесени со автобуси во кругот на фабриката и веднаш вратени дома.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека направила увид и обиколка во круговите на штипските конфекции и од она што можела да го види е дека за првпат во историјата на Штип конфекциите не работат за еден продолжен карантински викенд.

Таа информира дека со уредбата вчера во попладневните часови е опфатена и компанијата „Адиент“ во ТИРЗ зоната. Таму работниците работеле втора и трета смена, а рано утринава машините се изгаснати и вработените ќе одмараат до понеделник.

„Уредбата за забрана на работа на штипските текстилни и кожарски фабрики се почитува, за останатите компании од другите дејности оваа уредба не важи. Сите оние коишто ќе ја прекршат уредбата ќе се соочат со санкции и кривична одговорност“, вели Ампева.

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје во Штип тестирањето ќе го продолжат утре во друга конфекција, каде што ќе се тестираат уште 230 работници.

konfekciikoronavirus mkdstiptekstilni rabotnicki

Би можело да ве интересира

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Катерина Ѓуровски09/02/2026 - 14:23

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:33

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он08/01/2026 - 15:3708/01/2026 - 15:45

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Горан Наумовски30/12/2025 - 22:30

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски08/12/2025 - 14:1708/12/2025 - 15:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен