Првиот снег на планините за викендот, температурата пониска за 15 степени

Од:

Врнежи од снег на планините и формирање снежна покривка, како и нагло намалување на температурата за 15 степени, најавуваат метеоролозите за претстојниот викенд.

Врнежи од снег ќе има особено во северните делови каде што снежната граница можно е да се сушти и под 1500 метри н.в. и ќе се формира снежна покривка.

Под влијание на влажен и студен воздушен бран од петок кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во сабота, кога на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 15 степени.

Од УХМР посочуваат дека утре и задутре времето ќе биде претежно сончево и топло, но ќе има значителна промена на воздушниот притисок кој ќе опадне за околу 20 мерни единици.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски