Први меѓународни средби на дијализирани и трансплатирани пацинети

Од:

Потребно е да се насочиме кон обезбедување на сите неопходни логистички и други предуслови да го зголемиме бројот на трансплатации на бубрези пред се за подобрување на квалитетот на живот на пацинетите, но и намалување на трошоците, смета директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев.

На отворањето на првите Меѓународни средби на дијализирани и трансплатирани пацинети што од денеска до недела ќе се одржуваат во Струга, Дончев посочи дека трошокот на една успешна трансплатација е еднаков на околу две и пол години трошоци за дијализа.

– Наш предизвик во периодот кој следи е да се наочиме кон трансплатацијата како трајно решение, подвлече Дончев.

Претседателот на здружението „Нефрон“ Душко Ѓорѓиев од средбата уште еднаш испрати порака дека дарувањето органи значи спасување на нечии животи.

– Нашиот народ има висока свест за дарување. Со трансплатациите овозможуваме квалитетен живот на пациентите, а со тоа ослободуваме финансиски средства за други ранливи категории и ги намалуваме пациентите на дијализа, рече Ѓорѓиев.

Според него, во моментов чекаат 70 пациенти за трансплантација на бубрези, но бројот постојано расте бидејќи по три години повторно почна да се прави кадаверична трансплатација во земјава и во три месеци направени се шест трансплатации.

– Нашата заложба не е да се трансплантираат само бубрези, туку и други органи. Да се направат напори Македонија условно да влее во Еуро трансплант и наши пациенти да трансплантираат срце, црн дроб и други органи во странство, а ние да можеме да правиме размена на органи, изјави Ѓорѓиев

На средбите, меѓу другите присуствува и Земун Дражен од Хрватска, кој пред скоро 11 години имал трансплатација на срце.

– Трансплантиран сум во 2008 година. Се чуствувам одлично. Со новото срце се вратив повторно на планинарењето, истакна Дражен, кој имал кардиомиопатија, а за трансплатација чекал шест месеци.

Тој вели дека по трансплантацијата, која му била направена во Загреб се чуствувал како нов човек. За него, трансплантацијата е нов живот.

За Дражен е чудно како во Македонија има пацинети кои по 30 и повеќе години одат на дијализа.

– Во Македонија најмногу чекаат пациенти за трансплатација на бубрег. Една трансплантација чини колку една година дијализа. Има луѓе кои се на дијализа по 30-35 години, на кои можело да им се направат 35 трансплантации и да се вратат луѓето во нов живот. Во Хрватска за трансплантација се чека најмногу до една година. Хрватска има 38 отсто донори на четири милиони жители и со Шпанија е водечка во светот по бројот на трансплантации и дарување органи, истакна Дражен, нагласувајќи дека успешноста за трансплантација органи во неговата земја е 99 отсто.

На Меѓународните средби на дијализирани и трансплантирани пациенти присуствуваат пациенти кои одат на дијализа, оние кои направиле трансплантација на орган, како и претставници на здруженија и институции од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Клековски: Шест наместо три обиди за ин витро оплодување, на товар на ФЗО

А1он

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството