Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Од:

Министерството за здравство продолжува со интензивна реализација на стратешките капитални проекти кои, како што информира, ќе ја трансформираат здравствената инфраструктура во земјава.

Овие активности беа детално презентирани на 10. состанок на секторската работна група за здравство.

– Нашата визија е многу јасна, а тоа е достапно и квалитетно здравство за сите граѓани, дигитално поврзан систем и силна примарна здравствена заштита. Инвестицијата во инфраструктура не е само градба на ѕидови туку инвестиција во луѓето, во системот и во иднината на нашата земја. Заедно градиме модерно и хумано здравство, рече министерот за здравство, Азир Алиу.

Меѓу приоритетните капитални проекти кои се изградба на нова Клиничка болница во Штип, Општа болница во Кичево, Клиничка болница во Тетово, Центар за рани и гангрени на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември” во Скопје, а во следната фаза нов Клинички центар. Покрај тоа, напредуваат и проектите за хумани и социјални инвестиции, како што се уредување на услови за судски пациенти во Психијатриската болница-Скопје и Иновативен хаб во Кочани.

Паралелно со капиталните проекти, се реализираат и стратешки здравствени проекти, како е Ургентен центар за токсикологија, развој на ин витро капацитети за гинекологија и засилена интензивна нега во кардиологијата.

– Модерната инфраструктура значи и дигитализација. Национални дигитални платформи, лабораториски мрежи, системски дигитални решенија и интегрирани услуги – тоа се проектите кои ќе го направат нашиот здравствен систем поблизок до секој граѓанин, без разлика каде живее во државата, истакна Алиу.

Би можело да ве интересира

Алиу: Законот за тутун ги штити децата и непушачите

Горан Наумовски

Алиу: За првпат лекови за одвикнување од пушење на есенцијалната листа

Тврдењето за непотребни операции на срцe ја губи основата: Eкспертите посочиле сомнителна дијагностичка евалуација

Странската комисија утврди сомнителни наоди кај девет случаи во скандалот со непотребните кариорируршки интервенции

Катерина Ѓуровски

Алиу: Човечки капацитети во здравството се создаваат за пет, за десет години

А1он

Недела на сестринството, министерот Алиу најави поддршка за медицинските сестри и акушерки