Прв сомнителен случај на ебола во Македонија

Од:

Пациент, странец кој потекнува од Велика Британија бил примен на инфективната клиника со симтоми на ебола, при што бил неконтактибилен и по некое време починал.

Британецот престојувал во хотелот „Супер 8“ зад трговскиот центар Мавровка, од каде бил пренесен на инфетивната клиника. Неговиот пријател кој бил во земјава со него, персоналот на хотелот како и екипата на брзата помош се ставени во карантин.

Иако имаше информација дека британскиот државјанин престојувал во некоја од ризичните земји, односно бил во Нигерија, сепак тоа беше негирано од неговиот пријател, кој неофицијално веќе ги пројавил истите симптоми-внатрешно крварење.

Врз пациентот ќе биде изврѓена обдукција, а материјалите од брисевите се испратени во странство по што за 48 часа ќе биде јасно-дали британскиот државјанин има ебола или пак некој вид треска.

Македонските власти ги преземаат сите заштитни протоколи предвидени за ваков случај согласно светските стандарди. Властите веднаш ќе ја информираат Светската здравствена организација, со оглед дека симптомите биле многу слични на ебола, иако телесната температура кај пацинетот била 37, 5 степени, а за овој вирус е карактеристична температура од 38, 5 степени.

Би можело да ве интересира

ММФ за 100 милиони долари го намали долгот на земјите зафатени со епидемијата од ебола

Ана Ололовска

На Деве Баир пристигнале 542 аџии, другите се очекуваат викендов

Ана Ололовска

Ебола не е причина за смртта на Британецот, карантинот укинат

Ана Ололовска

Британецот не бил во земји каде што има ебола

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Во хотелот „Супер 8“ се доставувa само храна

А1он

Хотелот „Супер 8“ и денеска под карантин

Емир Латифовиќ