А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ебола не е причина за смртта на Британецот, карантинот укинат

by А1он11/10/2014 - 16:2712/10/2014 - 10:18587
Share0

Британецот што завчера почина во Скопје немал ебола, а причината за смртта ќе се знае по аутопсијата за која се почнати процедури, информира попладнево доктор Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство.

Следете a1on на Instagram Instagram

Као што рече Костовска, по добиените негативни резултати од лабораторијата во Хамбург, укинат е карантинот во хотелот каде престојувал 58 годишниот пациент и на Клиниката за инфективни болести. Тоа, посочи, значи дека сите лица кои беа во карантин може слободно да ги напуштат објектите.

За резултатите веднаш се известени Британската амбасада,СЗО согласно меѓународннот здравствен правилник.

Веднаш се почнати сите процедури, истакна, за подготовка за аутопсија на телото на починатото лице со цел докажување на причината на смртта.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Ова е многу значајно затоа што пациентот е починат за многу краток период откако е хоспитализиран, а истото претставува и законска обврска, рече доктор Костовска.

Директорот на Клиниката за инфективни болести Звонко Миленковиќ, одговарајќи на новинарско прашање рече дека можна причина за смртта на пациентот е инфективно заболување но, како што нагласи, ниту едно од нив не е во категоријата на  карантински заболувања.

На Клиниката за инфективни болести пациентот бил третиран вкупно 45 минути, итно е реагирано при неговиот прием и се преземени сите соодветни мерки, согласно клиничката презентација на истата. Се работи, посочи Миленковиќ, за релативно кратко време и со оглед на покажаните симптоми и клиничката слика кои во тој момент можеа да упатуваат на ебола, пациентот беше со нарушена состојба на свест, асептичен шок, со акутни повраќања, знаци на внатрешно крварење, особено во ситуација на позитивна епидемолошка анкета во тој момент, преземени се сите мерки согласно медицинските протоколи.

– Врз основа на нашето повеќегодишно клиничко искуство  и работа во терциерна установа која се занимава исклучиво со акутна инфективна патологија, со оглед на спомнатите симптоми, нашата институција демонстрираше висок степен на подготвеност за соочување со вакви ризични случаи, имајќи во предвид дека соочувањето со ебола е предизвик кој зазема глобални размери, наведе Миленковиќ.

Од Клинката за превенција на заразни болести посочуваат дека секој друг начин на постапување во ваква ситуација е многу опасна и импровизација која што не смее да си ја дозволи ниту еден здравствен систем во светот.

Од моментот на отворање на сомнежите за заболување на починатиот британец од ебола во сите активности на различни нивоа и со различна улога биле вклучени над шеесетина луѓе, меѓу кои голем број здравствени работници, доктори, медицински сестри. Ним, Костовска им упати голема благодарност за ангажманот кој бил цело време на висина на задачите

ebola

Би можело да ве интересира

Бројот на лица за кои постои сомневање дека се заразени со ебола се зголеми на 1.028

Горан Наумовски30/05/2026 - 21:02

Бројот на смртни случаи од ебола расте: СЗО прогласи вонредна состојба

Горан Наумовски25/05/2026 - 22:11

Америка воведува итни мерки поради загрижувачкото ширење на еболата: „Ќе има хаос и конфузија“

Предраг Петровиќ23/05/2026 - 10:38

На Деве Баир пристигнале 542 аџии, другите се очекуваат викендов

Ана Ололовска17/10/2014 - 10:45

Британецот не бил во земји каде што има ебола

Ана Ололовска11/10/2014 - 14:1711/10/2014 - 16:28

(ВИДЕО) Во хотелот „Супер 8“ се доставувa само храна

А1он10/10/2014 - 15:2910/10/2014 - 15:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто