(ВИДЕО) Во хотелот „Супер 8“ се доставувa само храна

Од:

Никој ниту може да влезе ниту да излезе од хотелот „Супер 8“. Пред влезот стојат двајца полицајци кои ги опоменуваат странските новинарски екипи да не се приближуваат до влезот.

По вчерашната бомбастична и во нецелост проверена информација дека гостин од хотелот наводно починал од ебола, објектот е затворен и сите гости заедно со пресоналот се во карантин.

Камерата на А1 сними како во хотелот се доставува храна и пијалоци за 25-те лица кои се во карантин. Вработените во хотелот храната ја примаа на маса која ја извадија од фоајето а оние кои го доставуваа јадењето го оставаа на масата, па потоа еден од вработените оброците од пред вратата ги внесуваше внатре. Доставувачите ги легитимираа двајца полицајци кои седат пред влезот во хотелот.

Двете кафулиња кои се наоѓаат под хотелот работат нормално. На нивните тераси имаше гости кои не ги одварати информацијата за лице кое наводно починало од ебола.

Пред хотелот „Супер 8“ беа и неколку медиуми од Велика Британија. Новинари и фотореортери на „Дејли Мирор“ и „Скај“ се обидуваа да добијат некаква информација од хотелот.

Информацијата за смртен счучај од ебола во Македонија оддекна силно во светските медиуми. Веста дека британски граѓанин починал на Инфективната клиника ја пренесоа речиси сите највлијателни светски медиуми.

rossi

Уште вчера вечер македонските медиуми шпекулираа околу причината за смртта на британецот алудирајќи на ебола предизвикувајќи непотребна паника и збунетост од пласираните информации кои беа контрадикторни.

Вчера вечер д-р Јованака Костовска раководител на сектор за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство посочи дека голема е веројатноста да не станува збор за починат од ебола, за да денеска повторно го потврди истотото. Според неа симптомите кај починатиот биле слични со оние на ебола, но нетипично за оваа болест починатиот бил хоспитализиран со ниска телесна температура.

Официјалните резултати од референтната лабараторија од Хамбург ќе пристигнат утре напладне. Освен 25-те лица кои се во карнтин во хотелот „Супер 8“ уште десет лица се на инфективната клиника вклучително со медицинската екипа која го транспортирала сега веќе починатиот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во хотел во Тексас, има тешко повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Изнајми хотелска соба и снимил страшно откритие: „Не можев да спијам овде“

Труење со хлор во базен во хотел во Охрид: Седуммина од кои две деца се во болница

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

Двајца крадци украле сеф со пари од хотел во Градскиот парк во Скопје

Макотен: Нема потреба од сензација, купопродажбата на посебниот дел од Мериот е спроведена 100% законски!

Горан Наумовски