Провокација во Куманово: Намерно симнато државното знаме

Од:

Денеска попладне, две непознати лица го симнале државното знаме од јарболот во центарот на Куманово. На негово место е поставено албанско знаме на половина копје. Кумановци велат дека се работи за намерна провокација.

Пратеникот од Куманово од редовите на СДСМ Максим Димитриевски реагираше од собраниската говорница и побара да престанат сите јалови дискусии и игри кои потпируваат тензии и омраза. Тој на ФБ напиша:

„Некој самопрогласен “патриот” кој не и мисли добро на Република Македонија се поигрува со чувствата на граѓаните. Апелирам до надлежните веднаш да го расчистат случајот, да го пронајдат сторителот и да го истакнат државното знаме на јарболот во центарот на Куманово“

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов