Протестен марш на стружани против загадувањето од депонијата

Од:

Локалната самоуправа веднаш да преземе акција за целосно гасење на Струшката депонија, а Владата и ресорните министерства да закажат вонредна седница на која ќе се разговара за решавање на проблемот со депонијата во Струга, побараа денеска стружани на протестниот марш кој почна од „Пливалиште“, а заврши со кратка блокада на магистралниот пат за Ќафасан на кружниот тек на влезот од Струга.

Глигорие Ќатоски претставник на Граѓанската иницијатива „Доста“ посочи дека чадот кој речиси два месеци ги труе стружани е поради внатрешно горење на депонијата, што според него, се решава доколку се има желба. Во името на стружани тој побара на итна владина седница да се формира работно тело кое ќе предложи локации за привремено одлагање на отпадот до формирање регионална депонија.

– Локалната самоуправа веднаш да преземе акција за целосно гасење на депонијата надворешно и внатрешно, а Владата под итно да закаже вонредна седница на која ќе дискутира за проблемот на стружани, да се формира работно тело од претставници на Министерството за животна средина и локалниот инспекторат, кои ќе излезат со предлог локациии за одлагање на отпадот се до формирање на регионалните депонии, истакна Ќатоски.

Како основен критериум за предлог локацијата на депонијата бараат да има минимално влијание врз здравјето на луѓето и животната средина.

– Упатуваме апел за што побрзо формирање на регионални депонии. Овој проблем не е само во општина Струга, туку и во други градови, рече Ќатоски барајќи поддршка од министерот без ресор Рамиз Мерко и пратеникот Зијадин Села, како стружани сериозни да се зафатат за решавање на овие проблеми.

Струшката депонија која беше запалена на Велигден скоро два месеци постојано гори и густ чад и непријатна миризба се шири низ градот, кои се штетни по здравјето на луѓето и животната средина.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски