Протест пред Основно Јавно Обвинителство во Скопјe

Од:

Националната Мрежа Против Хомофобија и Трансфобија (НМХТ) на Македонија денеска, со почеток од 12:00 часот, ќе организира протест пред просториите на Јавно Обвинителство во Скопје, на Кеј Димитар Влахов, бб.

Целта на протестот е потенцирање на потребата за ефикасен пристап до правда за сите граѓани на Република Македонија, без оглед на нивните различности.

Протестот ќе биде перформативен, со траење од петнаесет минути.

„На 23.10.2014, во 21:30 часот, група од околу триесет маскирани млади луѓе, молскавично и во стампедо во трк го каменуваа кафе барот Дамар, каде ЛГБТИ Центарот за поддршка – Хелсиншки комитет за човекови права ја прославуваше двегодишнината од своето постоење.  Во моментот на настанот, во кафе барот Дамар имаше повеќе од шеесет лица, од кои едно момче и една девојка се наоѓаа надвор од објектот, пред влезната врата на кафе барот. Групата ги нападна со стаклени шишиња и со удари во пределот на главата и телото со што им нанесе телесни повреди.

Потсетуваме дека ова е шести напад врз ЛГБТИ Центарот и неговите активности во текот на неговото двегодишно функционирање. Со исклучок на нападот врз ЛГБТИ Центарот од 02.03.2013 година, кој беше дел од поголеми протести со меѓуетнички предзнак, за сите други случаи истрагата е се уште во тек.

Поради тоа, НМХТ ги упати следните барања до Владата на РМ, Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и надлежните Судови:

  1. Бараме јавна осуда од Премиерот на Владата, Министерката за внатрешни работи и Министерот за правда за хомофобичното насилство од омраза против ЛГБТИ луѓето во РМ.
  2. Бараме брзо разјаснување на случајот, откривање на сторителите и ефикасна судска постапка за Насилство, Предизвикување општа опасност и Расна и друга дискриминација преку прогонување на организации или на поединци поради нивното залагање за рамноправност на луѓето.
  3. Бараме разјаснување, откривање на сторителите и покренување на судска постапка против сторителите на предходните напади врз ЛГБТИ Центарот за поддршка во Старата скопска чаршија.
  4. Бараме отворање на кривична истрага за говорот на омраза кој следеше на социјалните мрежи по нападот и за Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа против медиумите кои пред настанот објавуваа содржини со говор на омраза и повици на насилство против ЛГБТИ луѓето.

Протестот ќе биде со траење од петнаесет минути и пораката ќе биде пренесена преку перформанс на учесниците. По завршувањето на петнаесетминутниот протест, претставник/чка на организациите ќе даде изјава за медиумите, со што ќе заврши и протестот“, се вели во соопштението на Националната Мрежа Против Хомофобија и Трансфобија (НМХТ).

Би можело да ве интересира

Ниту една пријава до обвинителство за изборите – изборниот ден мина мирно

Анита Петровска Рајковиќ

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

Орце Костов

Обвинителство: Институциите да се воздржат од споделување информации, убиецот на докторот од Железара не е откриен

Орце Костов