Најавен протест пред Обвинителство против апсењето на Ристеска и уживателите на канабис

Од:

Утре во 12 часот, пред Основното јавно обвинителство, група граѓани ќе протестираат против како што велат, прогонот на Моника Ристеска. Тие велат дека пристапот на судијата кој на активистката Ристеска и одреди триесетдневен притвор е ригиден и неприфатлив.

„Ги повикуваме сите слободоумни граѓани и оние кои се, но и оние кои не се уживатели на канабисот да дојдат на протест пред Основното Јавно Обвинителство-Скопје во 12:00 часот. Целта е да го изразиме нашето незадоволство и да ја искажеме нашата поддршка за неправедно затворената Моника“, пишува во најавата на социјалните мрежи која ја објави здружението „Билка“.

Слоганот на протестот е „И јас сум Моника, апсете ме“. Активистката Моника Ристеска доби 30-дневен притвор, откако претходно беше изведена пред судија на претходна постапка. Таа е спроведена во затворот во Шуто Оризари. Судот ја прифати мерката за обезбедување присуство која ја побара Обвинителството. При вчерашниот претрес во нејзиниот дом, полицијата пронашла 30 милилитри масло од канабис и 15 грама канабис.

Би можело да ве интересира

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма во струмичко, МВР поднесе кривични пријави

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота