Протест на судската администрација: „Бараме зголемување на минималната плата за 78 отсто“

Од:

Стотина вработени во судската администрација и членови на Независните синдикати на државна администрација и на судска служба протестираа пред Владата и пред Министерство за правда поради ниските плати и неисплаќањето на додатоците за работа.

Преставниците на вработените побараа 35% додаток на плата и изразија револт од односот на Министерството за правда кон нивните барања.

– Протестите не застануваат тука. Денеска имавме состанок со претставници на министерството на финансии со кои не најдовме на разбирање. Бараме зголемување на минималната плата за 78% и исплата на додаток на плата од 35% за судски службеници. Во делот на затворскиот систем бараме зголемување на плати, обука и вработувања. Барањата се реална потреба за сите вработени имајќи ја во предвид специфичноста на нашата работа.

Во минатите пет години немало покачување на платите во службата, а судиите добија неколку пати покачување со што се направи голем јаз во разликата на платите. Со ребалансот на Буџетот не се предвидени за нас покачувања иако протестираме од март наваму – велат претставници на Независниот синдикат на судската администрација и Здружението на судска администрација.

Од Независниот синдикат на државната администрација (НСДА) на денешниот протест уште еднаш укажаа на неопходните реформи во судската власт и независен судски буџет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски