Протест на средношколците во Куманово

Од:

Како што информираат од Средношлолскиот Пленум на Куманово, денеска со почеток од 14:30 часот пред гимназијата „Гоце Делчев“ ќе започне четвртиот протест на средношколците од македонска и албанска националност.

Барањата се исти и понатаму, т.е укинување на Законот со кој математика е трет задолжителен предмет за полагање државна матура.

Ученици од 5 средни училишта денеска со поддршка на ученици од деветто одделение од основните училишта од гимназијата протестот ќе го продолжат кон локалното претставништво на МОН.

На вчерашниот протест имаше околу илјада средношколци, кои без разлика на националност, вера и култура, бараа промена на законот за средно образование, информираат кумановските матуранти.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане