ВИДЕО: Новинарите го блокираа Клуб на пратеници, преговарачите не дојдоа на средба

Од:

Новинарите што со свирежи и транспарент „Не во наше име“, го блокираа влезот на Клубот на пратеници, денеска не успееја на преговарачите од четирите политички партии директно да им кажат дека не можат да договараат правила за медиумите без да ги информираат новинарите и јавноста. Средбата на работните групи на четирите политички партии кои требаше да се состанат во 12 часот беше одложена.

Насер Селмани, претседателот на ЗНМ рече дека денешниот протест организиран од ЗНМ, ССНМ и МИМ е заради нетранспарентноста во одлучувањето на медиумите.

– Овде се одлучува дали ќе имаме слободни, професионални медиуми или контролирани, пропагандни машинерии во рацете на политичките партии. ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА имаат обврска пред јавноста да објаснат какви решенија договараат за медиумите. Ние како новинари, од искуство знаеме дека кога политичарите се кријат од јавноста, работат за тесно партиските и политички интереси и не водат сметка за интересите на граѓанните. Сериозно се сомневаме дека нешто не е во ред со нивните предлози дека не сакаат да направат вистински промени во медиумскиот систем, рече Селмани.

Тој ги повика претставниците на ЕУ и на САД како гаранти на договорот од Пржино да не дозволат овие политички партии, зад грбот на новинарите да шверцуваат, како што рече, решенија за медиумите кои не се во согласност со европските стандарди.


– Остануваме на барањето да се вклучиме во разговорите, рече Селмани од името на ЗНМ, Самостојноиот синдикат на новинарите и Македонскиот институт за медиуми.

Од она што се дознава за текот на преговорите , работните групи треба да најдат решенија за реформи на МРТ. Токму за прашањето на финасирањето на јавниот сервис биле заглавени преговорите. Допрва треба да се усогласат за реформите во Агенцијата за медиуми, МИА, како и за измени на Законот за медиуми.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов