Пропаднаа две години судење за „Тортура“, поротник поднел оставка

Од:

Судењето за предметот „Тортура“ се одложи поради болест на судијката Александра Ристеска, соопшти на денешното рочиште нејзината колешка, Ленка Давиткова. Но, на прашање на обвинителот Љубомир Лапе по рочиштето, дали има промени во составот на поротниците, дактилографката во судницата рече дека има.

Тоа значи дека судењето по речиси две години почнува од почеток со целосно сослушување на сите сведоци досега. Според информациите на „А1он“ еден од поротниците поднел оставка на функцијата. „А1он” испрати прашање до судот за да ги дознаеме причините поради кои поритникот поднел оставка.

Во „Тортура“ СЈО ги обивини ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи”, Ивица Антевски Пуки и уште петмина „алфи“. Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на апсење на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски во 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Првото рочиште за предметот се одржа на 28 февруари 2018 година, а досега беа сослушани десетина сведоци. Следното рочиште е закажано за 22 октомври.

Би можело да ве интересира

Поротникот од „Тортура“ поднел оставка поради семејни причини

Васко Маглешов

Нови рочишта за „Титаник“, „Транспортер“ и „Тортура“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Котевски не се појави да сведочи за апсењето на Бошкоски

Виктор Јованов

ВИДЕО: Камчев и Трајковска се изгушкаа по сведочењето за „Тортура“

Виктор Јованов

Камчев: Сите во Македонија разговараа за апсењето на Бошкоски, интересен беше предметот

Виктор Јованов

(ВИДЕО) Трајковска: Мијалков го известил Камчев за апсењето на Бошкоски

Виктор Јованов