Пронајдено автоматско оружје во Арачиново, продолжува акцијата на полицијата

Од:

Полицијата утрово во акција во Арачиново пронајде оружје скриено во објект во селото. Според неофицијални информации запленети се 11 парчиња автоматско оружје, а се проверува поврзаноста со криминалната група од Арачиново чии членови беа приведени неделава. Се проверуваат и траги од ДНК и отпечатоци.

Акцијата продолжува и денеска. Единици на МВР се со засилено присуство на повеќе локации во земјата.

По акцијата на МВР, јавен обвинител пред два дена донесе наредба за спроведување истражна постапка против 18 лица членови на бандата Беланоца – Барон, за кои, како што информираа од ЈОРСМ, постои основано сомневање дека 14 лица како нарачатели, помагачи или директни извршители, сториле кривични дела убиство, од кои 12 лица се осомничени и за кривично дело злосторничко здружување, додека петмина и за кривично дело тешки дела против општата сигурност.

Другите четири лица се товарат за кривично дело изнуда.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари