Реконструираните фасади на објектот „Пелистер“ и на објектот над кафулето „Тренд“, на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, се промовирани денеска од страна на премиерот Никола Груевски и скопскиот градоначалник, Коце Трајановски.
На објектот „Пелистер“, реконструирана е вкупна површина од околу 1200 квадратни метри. Завршницата на фасадата е од дробен травертински камен, а на места од бакар и од ковано железо. Фасадата му даде комплетно нов лик на овој објект, а овозможи и исполнување на барањата за енергетска ефикасност.
Градежните работи за реконструкција на фасадата ги изведе градежната компанија „Бауер БГ“. Реконструкцијата на оваа фасада чини околу 3,5 милиони денари.
[nggallery id=24]