А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Промоцијата на виното на странските пазари со одлични резултати

by А1он10/02/2013 - 19:2010/02/2013 - 19:32212
Share0

Извозот на македонското вино на странските пазари бележи континуиран раст. По 2011 година која беше забележана како рекордна по пласманот на вино во последните 20 години, бројките велат дека количината на извезеното вино и натаму расте. Потврда за тоа даваат и податоците за минатата 2012 година во која извозот на виното е зголемен за околу 18 отсто, а остварениот девизен прилив за 25 проценти споредбено со претходната година.

Добивај вести на вибер

Ова го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски при денешната посета на винаријата „Визба Валандово“.

Според него, ваквиот тренд продолжува и оваа година.

Ние целата квота за извоз на наливно вино на земјите од Европската Унија, заклучно со четврти февруари, веќе ја исполнивме. Значи, подобар индикатор за тоа дека веќе над 30 милиони литри вино се пласирани на пазарот од Европската Унија нема“, рече Димовски.

За производителите на вино, покрај високиот квалитет што македонското вино го има, многу значи и поддршката која тие ја добиваат од страна на Владата во делот на промоцијата надвор од нашите граници.

Без добар маркетинг нема никогаш да добиеме повеќе отколку што имаме сега. Значи, во маркетингот, ако сакаме напред, треба сите сили да ги вклучиме, рече Вита Хузјан од „Визба Валандово“.

Следната голема промоција на македонските вина ќе биде во Москва, на меѓународниот саем за пијалоци „ПРОДЕКСПО“, кој започнува утре. За овој саем, кој важи за еден од најголемите во Руската Федерација, Министерството за земјоделство обезбеди штанд од 56 метри квадратни на кој ќе учествуваат шест македонски компании.

vino

Би можело да ве интересира

СДСМ: Промоција на македонските вина, храна и туризам преку Отворен Балкан

Горан Наумовски28/08/2022 - 10:05

Македонско вино со хрватски етикети откриено од Европол и Интерпол кај хрватски производители

А1он02/08/2020 - 13:3302/08/2020 - 13:37

НФФ бара „вранецот“ да се откупува за 17, а „смедеревката“ за 16 денари по килограм

А1он16/08/2019 - 11:1716/08/2019 - 11:21

МЗШВ: Македонските вина можат да се промовираат во Хрватска, надминат е проблемот за пласман на пазарот

Татјана Ташкова10/06/2019 - 15:57

Фестивал на младо вино во „Тиквеш“

Ана Ололовска18/11/2017 - 09:20

Голема заинтересираност за натпреварот за најдобро вино во Кавадарци

Наум Локоски15/11/2017 - 16:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен