НФФ бара „вранецот“ да се откупува за 17, а „смедеревката“ за 16 денари по килограм

Од:

Националната федерација на фармери (НФФ) бара цената за винската сорта грозје „вранец“ да биде 17, за „смедеревка“ 16 ден по килограм, функционирање на договорно производство согласно Законот за земјоделство и рурален развој и гаранција на наплата (банкарска гаранција од откупувачите), како и исплата на откупено грозје најдоцна до 31 декември 2019 за откупот од тековната година.

-Бараме и бришење на член 17, став 5 од Законот за вино кој укажува на можноста од намалување од утврдената цена најмногу до осум отсто доколку плаќањето на винското грозје е во целост во рок од седум дена од денот на приемот, како и во делот на прекршочните одредби, односно на намлаување на глобите со што се потенцира можноста од намерна злоупотреба на работата на одговорните лица, велат од Националната федерација на фармери.

Од НФФ посочуваат дека нивните барања се дефинирани преку разговор со лозаропроизводителите и секторски пристап кон решавање на земјоделските проблеми и додаваат дека веќе се презентирани пред винариите и пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-На вчерашните состаноци со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, винарските визби и лозарите во Кавадарци сите овие барања беа изнесени од страна на НФФ. По опсежната дискусија и барањата за повисока цена за откуп на овие сорти грозје, винарските визби излегоа со став дека во текот на наредната недела ќе информираат за овие наши барања. НФФ внимателно ја следи состојбата и ќе реагира при секој обид да се намали трудот на лозарите и да се доведат во ситуација која води на работ на егзистенцијата и уништување на долгогодишниот труд, посочуваат од НФФ.

Нагласуваат дека преку својот секторски систем за лобирање во јуни и јули годинава ја разгледувале состоjбата со производството на грозје и по направените анализи заклучиле дека производната цена за винската сорта „вранец“ е 17, а за винската сорта „смедеревка“ 16 денари по килограм.

-Со непроменетите и ниски откупни цени во текот на изминатата деценија, земјоделците работат во загуба и дополнително од некои откупувачи не им се исплаќа навремено за предадениот род, порачуваат од НФФ.

Според официјалните статистички податоци, 48.000 индивидуални земјоделски стопанства егзистираат од производство на грозје, 23.613 хектари од обработливата површина се лозови насади, од кои најголем дел се во кавадаречкиот и неготинскиот регион

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Македонските вина можат да се промовираат во Хрватска, надминат е проблемот за пласман на пазарот

Токај Асу – најскапото вино на светот

Ана Ололовска

Десет македонски винарници на саем во Дизелдорф

Ана Ололовска

Тиквешките лозари протестираа поради неплатено грозје од пред неколку години

Наум Локоски

Активисти бараат промена на името на виното Цвајгелт

Ана Ололовска

Фестивал на младо вино во Кавадарци

Ана Ололовска