Македонско вино со хрватски етикети откриено од Европол и Интерпол кај хрватски производители

Од:

Земјоделската инспекција на Државниот инспекторат на Хрватска, во голема акција за сузбивање на трговијата со фалсификувана и недоволно квалитетна храна и пијалоци, откри вино од Македонија, Италија и Чиле.

– Во голема акција на Европол и Интерпол под кодно име „ОПСОН 2020“ поддржана од 83 земји, хрватската инспекција изврши контрола на вкупно 275 субјекти на етикетирање на вино и силни алкохолни пијалоци, пласирани на пазарот, објави хрватскиот Државен инспекторат.

Како што е наведено, откриено е дека пет контролирани субјекти ја имаат злоупотребено употребата на хрватските традиционални термини – квалитетно вино со контролирано географско потекло и врвно вино со контролирано географско потекло, на вина кои не се од хрватско потекло, но потекнуваат од Северна Македонија (едно вино), Италија (два вина) и Чиле (два вина).

Акцијата OPSON беше поддржана од Европската канцеларија за борба против измами (OЛАФ), Европската комисија и Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија (EУИПО).

Би можело да ве интересира

Уапсен убиец поврзан со Ндрангета, беше во бегство 16 години, последните три бил пица мајстор

Катерина Павлова-Николовска

Во акција на МВР и Интерпол одземени се 10 возила и еден мотоцикл

Горан Наумовски

Бектеши, Матиќ и Кумбаро договорија развој на Вински патишта во Отворен Балкан

Саемот на вино во Белград можност за нови пазари за албанските производители

А1он

СДСМ: Промоција на македонските вина, храна и туризам преку Отворен Балкан

Уапсен косовец баран со меѓународна потерница од Интерпол