Лабораторија за животна средина ќе промовира денеска компанијата Технолаб. Од компанијата информираат дека станува збор за лабораторија акредитирана од страна на Институтот за акредитација согласно барањата на ЕУ искажани во техничката спецификација за мерење на емисии од стационарни извори CEN 15675.
– Бидејки квалитетот на воздухот што го дишеме е директна последица на емисиите за загадувачки супстанции, прв чекор во насока на превентивно делување се квалитетни и точни податоци од мерењата на емисиите во воздухот. Покрај тоа, мерењата се неопходни за правилно известување за состојбите со квалитетот на воздухот и уште повеќе за планирање на мерките кои треба да бидат преземени за подобрување на состојбите. И контролата на ефикасноста на преземените мерки повторно се врши преку мерења, посочуваат од компанијата.