Книгата „1992 – година на опасни ризици“ од Стојан Андов, прв претседател на Собранието на Република Македонија по нејзиното осамостојување, денеска ќе биде промовирана во свечената сала на Кинотеката на Македонија.
За најновото дело на познатиот политичар, публицист и писател, како што информираат од Матица, ќе говорат македонските писатели Јордан Плевнеш и Паскал Гилевски, а извадоци од делото ќе читаат артистите Мето Јовановски и Роберт Велјановски.
Стојан Андов, кој не роден во Кавадарци во 1935 година, по пензионирањето и повлекувањето од активниот политички живот објави десет публицистички и литературни дела, кои предизвикаа интерес кај читателска публика во Македонија. Автор е на книгите: „На мој начин“, „Источни патувања“, „Од мој агол“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Враќањето на Американецот“, „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“, „Приказната на Марија“ и „ Драматичната 1991 година“.