Промоција на хумани вредности преку заедничко танцување

Од:

Црвениот крст на Македонија во рамки на Неделата на промоција на хумани вредности денеска организира заедничко танцување, познато како флеш моб.

Волонтерите од општинските организации на територија на градот Скопје ќе танцуваат заедно на плоштадот Македонија, пред Ристиќиевата палата.

– Целта е преку танцувањето младинците да испратат порака за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката, заемната доверба и разбирањето, како најдобри гаранции за мирот и соживотот, а ние како претставници на Црвен крст имаме одговорност да дејствуваме, велат организаторите.

Во рамките на Националната програма на Црвен крст на Република Македонија, Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности, која веќе 17 години се спроведува во Македонија, младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно општество, и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата.

Секоја година, покрај обуката за дисеминација, 1.200 младинци од цела Македонија на возраст од 14 до 18 години, добиваат и обука како да изработуваат мали проекти за добробит на своите заедници.

Оваа година, од страна на младинците учесници во ПХВ циклусот 2013-2014, изработени се 210 мали проекти, преку кои им е директно помогнато на 4.055 лица.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

Орце Костов

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски