Промоција на анализата „Сликата за Ромите во македонските медиуми”

Од:

Тркалезна маса и промоција на анализата „Сликата за Ромите во македонските медиуми“ на новинарката и публицист Севдија Д. Абдулова ќе се одржи денеска во Скопје.

Анализата е направена со претходен едномесечен мониторинг на македонските електронски, пишани и интернет медиуми каде беа опфатени сите национални, регионални и локални медиуми.

„Сликата за Ромите во македонските медиуми“ е студија која е прва од ваков карактер во чија изработка учествуваа Роми аналитичари и монитори.

Публикацијата е издадена во рамки на проектната активност на Едукативниот и медиумски развоен центар на млади Роми „Асоцијација 24вакти”, која е составен дел на проектот Заедничка иницијатива за зајакнување на ромското граѓанско општество на Западен Балкан и Турција поддржан од Европската комисија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март