Променливо облачно време со врнежи од дожд и наместа грмежи и ветер

Од:

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни маси, претежно од Медитеранот. Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа проследени со грмежи и со засилен ветер и силни електрични празнења. Локално процесите ќе бидат застапени и во форма на невреме, особено во јужните делови на земјава се очекува да наврнат изобилни количини на воден талог, особено в недела и во вторник.

Од УХМР најавуват дека е можна и појава на невреме со град и со засилен ветер и силни електрични празнења. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер, што ќе предизвика намалување на дневната температура за 5 до 7 степни.

Препоарачуваат во случај на невреме и насилни електрични празнења да не се престојува на отворен простор, стадата животни да се раздвојуваат на помали групи, на отворен простор да не се разговара на мобилен телефон, да не се носат метални предмети, а најдобра позиција при силни електрични празнења се свиткување на телото или лежечка позиција.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски