Променливо облачно со засилен северозападен ветер

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во северните делови со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а во источните делови и долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од осум до 14 степени.

Во Скопје претпладнево ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд, а во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Утринава најладно било во Лазарополе каде се измерени 0 степени, во Маврово 1, Крушево 2, Крива Паланка, Берово и Виница 4, Охрид и Претор 5, Скопје кај Петровец, Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица и Дебар 6, Штип, Демир Капија, Гевгелија, Куманово и Тетово 7 и во Скопје на Зајчев Рид 8 степени.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а во четврток се очекуваат врнежи од дожд, пообилни во западните делови од земјава каде локално ќе наврнат над 25 литри на метар квадратен. На планините ќе врне снег. Температурите ќе се намалуваат.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски