Времето во земјава ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта кон недела со врнежи од дожд кои поради продор на постудена воздушна маса ќе има услови повремено да преминуваат во снег и на некои повисоки места во северните делови, а можна е и локална појава на замрзнат дожд. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 2 до 7, а дневната од 4 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот со врнежи од дожд, а на околните планини со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 6 степени.
Во недела и понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места пообилни и со пороен карактер. Повремено ќе дува засилен јужен ветер. Од вторник поради продор на постудена воздушна маса врнежите на планините ќе бидат од снег, а повремено услови за снег ќе има и на некои повисоки места. Ветерот ќе го промени правецот во северен.