Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе има врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови.
На планините над 1800 м.н.в. врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.
Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени. Максималната дневна темпертура ќе достигне 17 степени.
Од недела утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула.