Променливо облачно со температура до 21 степен

Од:

Променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. Во попладневните часови ќе почне да дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието, каде наместа се очекува да достигнува брзина до околу 60 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен.

Во Скопје, претпладне магливо, попладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Потоа, во наредните денови под влијание на студена воздушна маса од север следува период на променливо облачно и постудено време со услови за локален дожд, а на повисоките места и на планините ќе има услови за локален снег.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски