Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во Полошката котлина ќе има појава на магла и намалена видливост. Ќе дува слаб, а долж Повардарието и во крајните западни делови, умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од четири до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со слаба утринска магла. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе достигне 10 степени.
Кон крајот на денот, се до сабота, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд.