Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе биде значително посвежо. Во источните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 25 до 33 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, претпладне претежно сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени.
Во петок ќе има појава на изолирана нестабилност проследена со умерен до засилен северен ветер, а потоа следува претежно стабилен период во кој температурата нема многу да се менува.