Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на слаб локален дожд претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени.
За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец кој во сабота ќе биде поизразен во западните делови од земјата. Од недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.