Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, температури до 13 степени

Од:

Денеска во Македонија ќе преовладува претежно променливо облачно време со повремени врнежи од дожд проследени со слаб до умерен југоистечен ветер.

Се очекува во текот на ноќта врнежите да станат пообилни, особено во јужните и западните делови од земјава, каде што се предвидува да наврнат и над 25 литри на метар квадратен.

Снег ќе има само на повисоките планини во северозападните делови. Утрово температурата ќе се движи од 3 до 10 степени, додека во текот на денот температурата ќе биде од 5 до 13 степени.

Слично ќе биде и времето во главниот град, каде што утринската температура ќе биде до 8 степени, додека во текот на денот таа ќе се искачи до 10.

Според УХМР следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во недела и понеделник врнежите ќе бидат полокализирани и ќе дува умерен јужен ветер, а ќе се појават и услови за магла во одредени котлини.

Пообилни врнежи од дожд се очекуваат во вторник и среда, по што ќе следи и опаѓање на температурата што ќе предизвика врнежите да преминат во снег на повисоките места.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски