Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд претежно во западните делови. Претпладне во котлините ќе има појава на магла.
Утринските температури ќе се движат од нула до 6 степени. Дневните температури ќе се движат од 8 до 15 степени.
За време на викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд и со засилен јужен ветер. Во сабота врнежите ќе бидат претежно во западните делови, а во недела насекаде и ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), локално во форма на невреме. Од понеделник ќе дува северозападен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.