Променливо облачно со повремен дожд, на планините снег

Од:

Времето во Република Северна Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на планините снег, особено попладне и кон крајот на денот. Ќе дува умерен северен ветер. Во ноќните часови повремен снег ќе има и на некои повисоки места.

Утринската температура ќе се движи од минус 5 до минус 1, а дневната од 4 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 3, а дневната ќе достигне до 8 степени.

За време на викендот ќе има зголемена облачност со умерен северен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса во ноќните часови кон недела и во недела претпладне врнежите на места ќе преминуваат во снег и ќе бидат со послаб интензитет. Потоа ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски