Променливо облачно со повремен дожд и ветер

Од:

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Демир Капија и Крива Паланка 34 литри на метар квадратен, во Штип 26 и во Гевгелија 22 литра. Дуваше и умерен ветер од северен правец. Утрово врнежите на повеќето места престанаа. Слаби врнежи од снег има во Крива Паланка и Крушево, а во Маврово има појава на магла со намалена видливост до 50 метри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а на планините и на некои повисоки места слаб снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намалува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски