Времето денеска ќе биде променливо облачно, во текот на денот во западните делови со повремен дожд.
Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират и во останатите делови и ќе се интензивираат.
Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.
Утринските температури ќе се движат од 4 до 11 степени.
Максималната дневна температура ќе достигне 19 степени.