Променливо облачно со поверемен дожд

Од:

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува повремено засилен јужен ветер, а повеќе врнежи ќе има попладне во западните делови.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 17 до 23 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне со повремен дожд. Ќе дува умерен на моменти и засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 22 степена.

Во сабота попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и тоа особено во југоисточните делови од земјава.

Во недела ќе биде посвежо со дневни температури пониски за околу 10 степени од сегашните. Врнежите во недела ќе бидат позастапени во јужните делови од земјава.

Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето, а од вторник и постојан пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски