Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта умерен до засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Следува период на стабилно и посвежо време. Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите.