Променливо облачно со чести сончеви периоди

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, преку денот со почести сончеви периоди долж Повардарието, а утрото свежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната температура од 15 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, во средината на денот со почести сончеви периоди, а унаутро ќе е свежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од осум до 19 степени.

Од недела следува период на посончево и малку потопло време преку денот, но со ниски утрински температура. Преодно наоблачување со услови за повремен дожд на северот се очекува од средината на следната работна седмица.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски