Променливо облачно со повремен дожд

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на места со поинтензивни процеси во форма на невреме. За кратко време, претежно во западните и северните делови се очекува да наврне поголема количина воден талог (локално над 25 л/м2).

Утринската температура ќе се движи од осум до 14, дневната од 19 до 28 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во вечерните часови процесите ќе се интензивираат. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Во наредните три дена времето ќе биде претежно стабилно, освен во планинските региони каде ќе има краткотраен дожд со ретки грмежи. Повторно зголемување на условите за нестабилност се очекува во деновите од викендот.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски