Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со врнежи од дожд претежно во западните делови. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 8 степени. Дневните температури ќе се движат од 10 до 15 степени.
Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за локален дожд, а на планините снег. Ќе дува засилен северозападен ветер.