Променливо облачно, попладне пороен дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 15 до 21, а максималната дневна од 25 до 33 степени. УВ-индексот ќе биде шест.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне 19, а дневната 29 степени.

За време на викендот во поголем дел од земјава времето ќе биде посончево и потопло, но во северните и западните планински предели не е исклучена изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Во почетокот на следната недела повторно ќе биде променливо облачно, на повеќе места и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе се задржи под просекот за овој период од годината, но ќе бележи благ пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски