Променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со породен дожд

Од:

Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој кон крајот на денот вдолж Повардарието ќе се промени во северен. УВ=7

Утринската температура ќе се движи од 12 до 18 степени, а дневната температура ќе се движи од 22 до 31 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди. Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. УВ=7

Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 29 степенни.

Значително заладување ќе има во четврток, кога ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува засилен северен ветер, па дневната температура ќе биде и за десет степени пониска во однос на денешната. Од петок до недела времето ќе биде стабилно со умерен северен ветер и со пријатни дневни температури.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски