Променливо облачно и ветровито време

Од:

Во раните утрински часови, времето ќе биде променливо облачно и релативно студено. Во текот на денот наместа облачноста ќе се намалува, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер а во североисточниот дел од земјава ќе биде претежно тивко. Во доцните попладневни часови ќе има повторно зголемување на облачноста. Максималната температура ќе се движи од 2 до 7 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со утрински температури кои на повеќето места ќе бидат под нулата, особено в недела. Од сабота по котлините и по речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност. В понеделник кон вторник ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски