Променливо облачно и ветровито со локален дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди. Локални врнежи од дожд се можни во претпладневните часови во источните делови од земјата. Во текот на денот ветерот ќе биде слаб до умерен и претежно од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната  од 13 до 19 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

И во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со умерен, а во некои делови и засилен ветер од јужен правец. Дневната температура до четврток нема значително да се менува, а во петок ќе бележи благо опаѓање. 

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска